Завршен состанок за проектни активности за развој на деловни социјални услуги
Црвениот крст на РСМ во соработка со Австрискиот Црвен крст во рамки на Проектот „Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во Црвен крст на РСМ“, поддржан од Австриската агенција за развој, Австрискиот Црвен крст и Швајцарскиот Црвен крст, на 02.07.2024 година одржа завршен состанок со цел да се презентираат постигнатите реултати, како и да се споделат научените лекции од имплементираните активности. Во период од четири години беа развиени услуги за помош и поддршка на стари лица – Итно копче, транспорт за лица ккои не се во животозагрозувачка состојба во Скопје, како и поддршка во имплементација на Центарот за помош и нега на стари лица во Струмица. Учесниците на состанокот дискутираа за одржлив развој на услугите кои се наменети за подобрување на квалитетот на животот на постарите граѓани во заедниците.