април 8, 2024

Завршна Конференција во рамки на проектот „¬Зајакнување на отпорноста на старите лица и лицата со попреченост за време на Ковид 19 и идни катастрофи“

Во рамки на Регионалниот проект „Зајакнување на отпорноста на стари лица и лица со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“, финансиран од Европска Унија, се одржа завршна Конференција и партнерски состанок во период од 03 – 05 април 2024 година во Белград, Република Србија.  На конференцијата и партнерскиот состанок учествуваа партнерите на проектот од Република Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Република Србија и Република Северна Македонија, како и претставници на Светска здравствена организација, УНФПА, Федералното министерство на Австрија за социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.

Црвениот крст на Република Северна Македонија учествуваше со два  претставника на централната канцеларија, одговорни за имплементација на проектните активности. На настанот беа претставени постигнатите резултати од реализирање на активностите во тригодишниот период. Од страна на претставници на меѓународни организации беа споделени соодветни информации во однос на активното и здраво стареење.

< врати се назад