Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
123 мали ПХВ проекти

2022-07-07

123 мали ПХВ проекти

24 Jуни беше термин за доставување на реализирани ПХВ мали проекти. Од страна на одговорните дисеминатори преку ООЦК и стручната служба доставени се 123 мали проекти.

Во изминатите две години, заради пандемијата со Ковид-19, имаше мал застој во реализација на програмата, односно повеќе се базираше на теорија отколку на пракса. Но, бројката на реализирани проекти кажува дека младите навистина се желни за еден унифициран пристап кој дава одлични резултати и за нив, за корисниците и за целата нивна заедница. Тие го даруваа своето слободно време, меѓусебно се вмрежуваа, соработуваа, се мотивираа, правеа проценки на потребите во заедницата, реализираа активности за да може да ја постигнат зацртаната цел. Тие помагаа на лицата во ризик, на лицата со одредени пречки и тешкотии, подржуваа центри кои работата со овие лица, промовираа култура и учеа едни за други и се стекнуваа со вештини кои ќе им понудаат подобра иднина. 

Честитки за дисеминаторите, за ПХВ инструкторите, за секретарите во ООЦК, за младинците, за поддржувачите, за медиумите, за соработниците, за родителите, за секој еден кој им овозможи на младите да ги реализираат промените.

По прегледување и евалуација на малите проекти, ќе имаме можност да ги споделиме резултатите во бројките на помогнати лица, на бројот на вложени волонтерски часови, во бројот на реализирани активности…и многу други нешта.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025