мај 2, 2018

150 мали проекти

Во рамките на Национална ПХВ програма во која оваа година се вклучија 26 општински организации,  обучени се 1.167 младинци и реализирани се 105 обуки на терен од страна на дисеминаторите и инструкторите. Изработени се вкупно 150 мали проекти на тема култура како систем од вредности, грижа за заедница и проекти од областа на социјално хуманитарната дејност. Во период од два месеци младинцити со поддршка на нивните дисеминатори и стручната служба ги лоцираа целните групи, ги истражуваа нивните потреби и реализираа низа активности со цел собирање на потребни средства за за целосно завршување на нивниот проект. Младите се групираа во помали групи (не повеќе од 6 лица), ја анимираа целата заедница и реализираа низа активности во кои многу пати ги вклучуваа и свои родители и наставници за да стигнаат до поставената цел . Од вкупниот број 106 проекти се оценети со највисока фаза, фаза 5.

< врати се назад