април 29, 2024

188 мали ПХВ проекти

Одлични резултати и оваа година во ПХВ програмата-програма за регрутирање и задржување на волонтери во редовите на Црвен крст. 1200 млади на возраст од 13 до 17 години, водени од 40 дисеминатори од 33 локали канцеларии на Црвен крст, менторирани од 11 ментори сработија НЕВЕРОЈАТНИ мали проекти за добробит на заедницата.

 

Добија обука, направија мали тимови, проценки на потребите, реализираа активности како спортски натпревари, велосипедски трки, собирни акции, театарски претстави преку кои собра средства за реализација на проекти за помош на лица во ризик, еколошки и интеркултурни проекти.

 

Сите одлично промовирани во нивните средини, но еве и некој слика и збор за дел од нив:

  • Во Пробиштип украсуваа скали во домот на културата
  • Во Прилеп собраа средства за инхалатори и прочистувачи за воздух за детска болница.
  • Во Куманово-изложба на стари автомобили со цел помош на малата Јована.
  • Во Велес младите реализираа хуманитарна трка за помош на глувоноемо лице.
  • Во Кисела Вода направија училница во природа.
  • Во Велес еко паркче од рециклирани материјали во училиште.
  • Во Гостивар реновираа соба за лице во ризик.
  • Во Радовиш реновираа цел дом на лице во ризик.
  • Во Кавадарци собрале 300 книги за училиште во село Возарци.
  • Во Струга реализиран еко проект.
  • Во Гостивар интеркултурен проект за промоција на културата со носии, храна и јазикот.

 

И многу други нешта. Вредни деца, позитивни примери, двигатели на промени во нашата заедница. Млади кои излегоа од својата конфорна зона и покажаа дека имаат капаците за промени, да подадат рака и да го направат овој свет подобро место на живеење.

 

Малите проекти комплетно документирани ќе бидат доставени на 10 мај!

#phv2024 #redcross #млади #ckrsm #ЦКмлади

 

 

 

 

 

< врати се назад