ноември 1, 2022

27 ГОДИНИ ОД ПРИЗНАВАЊЕТО НА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РСМ

Денешниот ден претставува повод за споделување на уште еден спомен од нашето делување како Национално друштво. Имено, на 01 ноември 1995 Црвениот крст на Република Северна Македонија беше официјално признаен од страна на Меѓународниот комитет на Црвен крст.

Некои од  поважните услови за признавање на националното друштво Црвен крст на Република Северна Македонија беа:

  1. Прифаќање на Женевските конвенции од 12 август 1949 и Дополнителни протоколи од 1977 Владата на Република Северна Македонија на 25 август 1993 година ги ратификува наведените документи и тоа што
  2. Собранието на Република Северна Македонија на 26 јули 1994 година го донесе Законот за Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Со ова навршуваат 27 години од официјалното признавање на Црвениот крст на Република Северна Македонија како доброволна, масовна, самостојна, непартиска и независна хуманитарна организација на граѓаните на Република Северна Македонија.

< врати се назад