77 години од основањето на Црвениот крст на РСМ
Денес во х. Лимак, со пригоден настан се одбележа 17 Март – Денот на основањето на Црвениот крст на РСМ и Денот на крводарителството во РСМ. На настанот присуствуваше Претседателот на Владата на РСМ – Димитар Ковачевски, Претседателот на Црвениот крст на РСМ Ромел Велев, Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ Саит Саити, претставници на институции, меѓународни организации во земјата, како и претставници на општинските организации на Црвениот крст.
На настанот се обрати Генералниот секретар на Црвениот крст при што го потенцираше значењето на јубилејот со кој одбележуваме 77 години од основањето на Црвениот крст на РСМ, и се потсетуваме на сите наши досегашни постигнувања, длабоко свесни дека мора да бидеме во чекор со времето и да бидеме подготвени за трансформирање и адаптирање на нашата работа согласно со новите предизвици.
Претседателот на Владата во своето обраќње истакна дека Црвениот крст е симбол на обединување на сите хуманитарци, крводарители, сите доброволци, и дарители на помошта на луѓето во целиот свет, на категориите граѓани кои во одредена момент се нашле во неповолна ситуација. Воедно ја искористи приликата на овој значаен датум да се зачлени како волонтер во редовите на Црвениот крст. За успешната соработка со Владата на РСМ и посебните заложби во остварувањето на мисијата, Црвениот крст на РСМ врачи признание „Медел на Црвен крст на РСМ на Владата на Република Северна Македонија“.
Црвениот крст на РСМ изразува благодарност на х. Лимак за нивната поддршка во организирање на настанот како општествено одговорна компанија.