ноември 24, 2016

7ми ПАРТНЕРСКИ СОСТАНОК НА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА МАКЕДОНИЈА

Денес на 24.11.2015 година Црвениот крст на Рeпублика Македонија го организираше 7-от Партнерски состанок во просториите на Скопски саем на кој присуствуваа претставници од стопанските комори, компании, банки и меѓународни организации и агенции.

Партнерскиот состанок се организираше со цел да се продлабочи досегашната, но и да се поттикне идната соработката помеѓу Црвениот крст на Рeпублика Македонија и партнерските организации, преку која се обезбедуваа значителна поддршка за различни целни групи во општеството. Успешноста на општествено одговорните компании, преку проектите кои ги реализираат со Црвениот крст на Република Македонија, во голема мера зависи од директната интеракција помеѓу корпоративниот сектор, граѓанското општество и корисниците и се темелат на искуството за потребите и проблемите со кои се соочува локалната заедница.

Генералниот секретар на Црвен крст на Македонија г-дин. Саит Саити го отвори состанокот и истакна дека ,, Грижата за општото добро претставува највисок приоритет за одговорно работење, клуч и основа на заедничкиот развој на општеството. Во таа смисла и денес сме тука заедно да промовираме иницијативи за воспоставување на стратешки партнерства со кои ќе придонесеме за ублажување и надминување на проблемите со кои се соочува населението во зедниците, со крајна цел постигнување на благосостојба во општеството.  Отворени сме за соработка, градење на стратешки партнерства и доверба во спроведување на иницијативи за обезбедување на ефикасна поддршка и застапување на интересите на ранливото население.“.

Во склоп на настанот, Црвениот крст на Република Македонија додели признание, Бронзен поддржувач на Црвен крст на Република Македонија на Фондацијата Албиз во знак на благодарност за поддршката во остварувањето на хуманитарните целите на Црвениот крст на Република Македонија.

untitled-1

 

< врати се назад