Академија за дисеминатори за меѓународно хуманитарно право
Црвениот крст на Република Северна Македонија во рамки на програмата за промоција на Меѓународното хуманитарно право во период од 19 до 21 декември 2022 во просториите на Црвен крст на РСМ ја организираше првата Академија за дисеминатори за Меѓународно хуманитарно право со поддршка од Меѓународниот комитет на Црвен крст. Академијата претставува базична тридневна обука наменета за студенти од областа на безбедноста, правото и воените науки.
На истата учество земаа 20 студенти кои се стекнаа со знаења за основите, изворите, премената и прекршувањата на меѓународното хуманитарно право, женевските и хашките конвенции и посебната заштита на различни групи во ризик.
На отворањето на академијата свое обраќање имаа г-дин Саит Саити – Генерален секретар на Црвен крст на РСМ и г-дин Стево Пендаровски – Претседател на Република Северна Македонија.