Безбедни училишта и градинки
Проектот “Безбедни училишта и градинки“ финансиски подржан од ЕРАЗМУС+ програмата се однесува на климатските промени, честите екстремни ситуации како поплави, суши, како и студени и топлотни бранови кои може да се очекуваат во иднина. Проектните активности ќе се спроведат во 2 образовни институции (градинка и основно училиште ).
Очекуваните резултати на проектот се: воспоставување на онлајн платформа за прва помош, намалување на ризици од катастрофи како и психосоцијална поддршка во итни ситуации, онлајн обуки за персонал во образовни институции ( градинки и основни училишта ) и подготовка на препораки за имплементација на законската легислатива во однос на намалувањето на ризици од катастрофи.
Во рамките на проектот учествуваат: Австриски Црвен крст, Хрватски Црвен крст, Црвен крст Србија, Бугарски Црвен крст и Црвен крст на Република Македонија.
Во првата фаза на проектот се формираа 3 работни групи за намалување на ризици од катастрофи, прва помош и психосоцијална поддршка составени од искусни и обучени волонтери и професионалци. Работните групи работат на селектирање на материјали, ресурси и алатки за подигнување на свеста и капацитетите на полето на намалување на ризиците од катастрофи, прва помош и психосоцијална поддршка наменети за деца во градинки, ученици од основни училишта, персонал и родители.