октомври 21, 2021

Билатерална средба

Во просториите на Црвениот крст на Република Северна Македонија, на 21.10.2021 година се оствари билатерална средба помеѓу Генералниот секретар на Црвениот крст др. Саит Саити и Заменик Амбасадор на Швајцарска Амбасада, Луциен Аегертер.

На оваа средба се разговараше за досегашната соработка која се однесува на поддршката за развој на сервиси за стари лица во Скопје преку финансиска, техничка и експертска поддршка од Швајцарската Амбасада.

На средбата исто така беа разговарани дополнителни можности за соработка, потоа се разменија и информации за работното портфолио на Црвениот крст во делот на миграциите.

Останува да продолжи успешно соработката во поддршка таму каде сме најпотребни.

< врати се назад