мај 12, 2021

Честит Рамазан Бајрам

Почитувани,

Месецот Рамазан според учењето на исламот е период на духовно и телесно прочистување, време за добри дела, период во кој тежнееме да го зајакнеме заедништвото, семејството и солидарноста со луѓето.

Денес кога завршува светиот месец Рамазан, сакам од името на Црвениот крст на Република Северна Македонија да Ви го честитам највозвишениот ден во исламскиот календар, празникот Рамазан Бајрам, посакувајќи празнична радост во сите муслимански семејства.

Во духот на овој голем празник, да ги негуваме културите и традициите, взаемно да си помагаме и да постигнуваме успеси во слога, толеранција и духовен напредок и сите заедно да имаме спокоен и среќен живот.

 

Со почит,

Генерален Секретар

д-р Саит Саити

 

< врати се назад