Денес е Светски Ден на ТБ 2020 година!
Секоја година, на 24 март го одбележуваме Светскиот Ден на Туберкулоза (ТБ) за да ја подигнеме јавната свест за катастрофалните здравствени, социјални и економски последици од ТБ, и да ги засилиме напорите за ставање на крај на глобалната епидемија на ТБ. Се одбележува денот во 1882 година кога д-р Роберт Кох ја воодушеви научната заедница објавувајќи дека ја открил причината за туберкулозата, бацилот ТБ. Во времето кога Кох ја објавува веста во Берлин, ТБ беснее низ Европа и Америка, предизвикувајќи смрт на еден од секои седум лица. Откритието на Кох го отвора патот кон дијагностицирање и лекување на ТБ.
ТБ останува најсмртоносен убиец во светот. Секој ден, над 4000 луѓе го губат животот од ТБ, а близу 30.000 луѓе се разболуваат од оваа превентабилна и излечива болест. Глобалните напори за борба против ТБ спасија околу 58 милиони животи од 2000 година до денес. Со цел да се се забрза реакцијата во земјите, за достигнување на целите поврзани со борбата против ТБ – шефовите на држави се собраа на првиот состанок на високо ниво на ООН во Септември 2018 година и се обврзаа да ја прекинат ТБ.