
Дистрибуција на хуманитарна помош за украинското население
Хуманитарната помош на Црвениот крст на РСМ наменета за населението од подрачјата погодени од војната во Украина составена од 1200 пакети со храна и 400 пакети со хигиенски производи пристигна во Украина на 03.06.2022 година. Помошта е предадена на Црвениот крст на Украина и се и дистрибуира до погоденото население од воените судири во Украина.
Ова е втора пратка хуманитарна помош за Украина која се обезбедува од граѓаните на нашата земја како хуманитарна поддршка за најранливото население во Украина.
Црвениот крст на Република Северна Македонија исто така продолжува и со обезбедувањето грижа и поддршка за граѓани од Украина кои престојуваат во нашата земја преку обезбедување на основни потреби на оваа целна категорија.