Red Cross Shape
Доделени плакети за особени заслуги во управување со хуманитарни кризи и Европски придонес во отварување на хумани вредности во Република Македонија за 2016 година

2017-05-12

Доделени плакети за особени заслуги во управување со хуманитарни кризи и Европски придонес во отварување на хумани вредности во Република Македонија за 2016 година

По повод 9 Мај – Денот на Европа, претседателот на Европското движење во Република Македонија, Проф. д-р Милева Ѓуровска, на 11.05.2017 година му додели плакета на Генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија, г-дин Саит Саити, за особени заслуги во управување со хуманитарни кризи и остварување на хумани вредности во 2016 год. Исто така, плакета за Европски придонес во отварување на хумани вредности во 2016 година беше доделена на Црвениот крст на Република Македонија како хуманитарна организација која успешно и навремено реагираше на сите активности и настани кои ја одбележаа 2016 година, како што се мигрантската криза и поплавите кои ја погодија нашата земја.

Генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија, г-дин Саит Саити, се заблагодари за укажаната почит и чест од страна на Европското движење во Република Македонија и истакна дека вредностите за грижата на човекот, благосостојбата и почитување на различностите се заеднички вредности на Европската Унија и Организацијата на Црвениот крст. Исто така, тој додаде дека Црвениот крст на Република Македонија е отворена организација која остава простор за вклучување во разни активности на сите луѓе кои сакаат и имаат желба да помогнат и да бидат хумани.

 

Други вести

Обука на психолози за ПТСР: Процена, стабилизација и упатување во институционален контекст
Среќен 8 Март!
Недела на борба против ракот

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom