Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Едукација на  нови мотиватори за доброволно крводарителство

2022-05-10

Едукација на  нови мотиватори за доброволно крводарителство

Во периодот од 06 – 08 мај 2022 година  во Центарот за кадри и рекреации “Солферино” во Струга беше одржан семинар за едукација на  нови мотиватори за доброволно крводарителство.

На семинарот учествуваа 18 учесници претставници на општинските организации на Црвен крст  Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Прилеп, Крушево, Велес,  Чаир, Кавадарци и Неготино, каде беа обработени следните теми: крводарителството во РСМ и светот, Стратегија за доброволно крводарителство за 2022-2026 година, крв и крвни елементи  и актуелности во современата трансфузиона медицина, исхрана според крвни групи и здрав начин на живот, мотивација и демотивација за крводарителство, психолошки аспекти на крводарителството – со посебен акцент на промовирање на еднаквоста и почитување на различноста, комуникација, видови комуникација, пречки во комуникација, фактори и чувства за ефективна комуникација, процес на активно слушање и аспекти на тим и тимска работа во крводарителството.

На крај учесниците има можност да споделат искуства и практични примери од разни средини, во разни организации и  институции и градење на нови пријателства кои ќе им бидат поддршка во натамошната работа како мотиватори за доброволно крводарителство.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025