Европската мрежа на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина за психосоцијална поддршка
Во Лозен, Бугарија, во периодот од 26-28,10,2018 година се одржа годишна средба на Европската мрежа на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина за психосоцијална поддршка. Иако Црвениот крст на Република Македонија формално не е член на оваа мрежа, сепак имаше можност со два претставника да учествува во работата на состанокот. Паралелно со почетокот на состанокот на мрежата се одржа и регионална средба на работниот тим на проектот „Психолошка прва помош и психосоцијална поддршка во итни ситуации“ кој се имплементира преку Националните друштва на Црвен крст од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Италија и Австрија, кои подоцна се придружија во состанокот на мрежата. За време на состанокот на мрежата се споделуваа искуства и практики во делот на активностите за психосоцијална поддршка од учесниците а посебни презентации за најнови алатки и можности за финансирање имаа претставници од Референтниот центар за психосоцијална поддршка на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина и Канцеларијата за соработка со ЕУ на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.