септември 14, 2022

ГО ПРОШИРУВАМЕ НАШИОТ ТИМ

Сакате да работите во пријатна атмосфера, мотивирани и постојано со можност за напредок во кариерата? Искористете ги можностите кои Ви ги нудиме и станете дел од нашиот успешен тим.

Доколку сметате дека сте подготвени за комуникативна и креативна работа продолжете да читате.

Црвен крст на Република Северна Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи,  го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.

Канцеларијата на Црвениот крст на Република Северна Македонија има стручна служба која брои вкупно 25 вработени кои работат на обезбедување на поддршка, координација и мониторинг на работата на општинските организации.

Назив на работното место: Асистент на Генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија

 

Позицијата подразбира вработување на определено време со 40 часа неделно.

Работно време: Понеделник до Петок : 08.00 до 16.00 часот.


Локација
: Црвен крст на Република Северна Македонија

Адреса: Бул. Кочо Рацин бр.13, Скопје  

Потребни квалификации:

Образование: Завршено високо образование од областа на општествените науки (правни, политички студии, социјални студии, јавна администрација).

Јазик: Течно говорење и пишување на Англиски јазик.

Дигитални вештини: Познавање на работа со MS Office пакет (Word, Excel, Powerpoint), интернет, мејл апликации, комуникациски платформи Microsoft Teams, Zoom.

 

Предност имаат кандидатите со минимум две година работно искуство во област на административно и канцелариско работење – офис менаџмент.

Други професионални квалификации, способности и вештини:

  • Комуникативна и позитивна личност
  • Организациски и аналитички способности
  • Способност за презентација и адаптација на работните услови
  • Критичко размислување
  • Тимски работник
  • Мотивиран за работа
  • Иновативен и креативен
  • Способност за добро менаџирање со време, луѓе и рокови
  • Познавање на развојните стратегии и политики во областа
  • Чувство за мултикултурализам и недискриминација

Опис на работното место:

            Работни должности:

–  Подготвува дневна работна агенда за потребите на Генералниот секретар  и за потреби на Претседателот;

–  води грижа за комуникации со странки кај Генералниот Секретар и Претседателот;

–  закажува состаноци и средби по задолжение на Генералниот Секретар;

–  подготвува писма и дописи од својата област на работа;

–  врши одредени административни и тековни работи во службата;

–  присуствува на состаноци и средби по задолжение на Генералниот Секретар и составува белешки од истите;

–  комуницира и соработува со  владини и невладини организации, локална самоуправа и јавни институции во земјата и странство;

–  го советува и информира Генералниот секретар за конкретни активности;

–  ракува со службениот печат и штембил на канцеларијата на Генералниот Секретар;

–  управува со телефонските повици насочени кон централната канцеларија или Генералниот секретар;

–  прима и пренесува телефонски и е-маил пораки;

–  соработува со раководителите и пренесува барања и информации до Генералниот секретар;

–  ја има улогата на преведувач за потребите на Генералниот Секретар на состаноците и средбите со претставници од меѓународните организации и институции;

–  подготовува информации, извештаи и службени белешки од одржани состаноци и средби на Генералниот секретар во и надвор од канцеларијата на Генералниот Секретар;

–  редовно и навремено испраќа информации за планирани настани на кој учествува Генералниот секретар до одговорното лице за односи со јавност;

–  се грижи и ги организира службените патувања на Генералниот Секретар

–  го придружува Генералниот секретар на службени патувања во и надвор од земјата;

–  соработува со лицето одговорно за протокол во организацијата;

–  соработува со лицето одговорно за логистика во организацијата; 

–  ја координира соработката на Генералниот Секретар со секретарите на  ООЦК и Секретарот на ЦКГС;

–  подготвува неделни, месечни и годишни извештаи за  реализираните активности;

–  редовно ги ажурира податоците, материјалите, извештаите на организациската платформа за комуникација;

–  навремено известува за промени и/или пречки за реализација на одредени активности;

–  врши други работни задачи по задолжение на Генералниот секретар

 

Почетна нето плата:  30.000,00 денари

Инструкции како да се аплицирате :

Заинтересираните кандидати на мејл адресите stolevska@redcross.org.mk   и alkhalili@redcross.org.mk потребно е да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија
  • Универзитетска диплома за завршено образование
  • Кратко мотивациско писмо, со наведени минимум две професионални референци

 

Селектираните кандидати ќе бидат повикани на индивидуално интервју.

Огласот трае до  20.09.2022  година.

Ве очекуваме.

< врати се назад