Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Хуманитарна помош за 71 завеани семејства

2017-02-03

Хуманитарна помош за 71 завеани семејства

Црвениот крст на Република Македонија во рамките на ДРЕФ операцијата за справување со последиците од студениот бран кој ја зафати нашата држава, дистрибуираше хуманитарна помош до завеаните села во општина Македонски Брод и општина Дебар.

Хуманитарната помош за 39 завеани семејства од општина Македонски Брод и 32 завеани семејства од општина Дебар се состоеше од семејни пакети со храна, семејни пакети со хигиена, ќебиња, јакни и сетови со капи, ракавици и шалови. Дистрибуцијата ја спроведоа тимови на Црвениот крст на Република Македонија, , Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Македонски Брод и Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Дебар во соработка и координација со локалните институции. Активностите и дистрибуцијата на хуманитарната помош продолжува понатаму и во останатите завеани места.