јуни 24, 2021

Главна планирачка конференција за 19-тата НАТО вежба „Северна Македонија 2021“ 7-17.06.2021 во Охрид

Во организација на Центарот за управување со кризи на РСМ, во периодот од 7-17.06.2021 година во Охрид се оддржа Главната планирачка конференција за 19-тата НАТО вежба „Северна Македонија 2021“ во Охрид.На Конференцијата при штабните и теренските активности активно учествуваа во работа за планирање на вежбата околу 140 претставници од 17 држави и од три меѓународни организации. Црвен крст на Република Северна Македонија, како дел од системот за управување со кризи активно учествуваше со свои преставници .

Цел на конференцијата беше споредба на  теренските и конференциски согледувања на сценариските вежбовни задачи, учесниците ги декларираа силите и ресурсите кои што ќе ги ангажираат од своите земји за претстојната голема вежба за заеднички одговор при природни катастрофи, која  Република Северна  Македонија во септември 2021 година ќе  биде домаќин.

 Притоа, на конференцијата преку теренски и конференциски опсервации се планираа и глобалните менаџирања на раководење, а и деталите за барање и спасување, поддршката и логистиката, цивилно – воената координација, искуствено осознавање и работа преку виртуелната реалност, можностите за прекуграничен транспорт во спасувачки мисии, координација на заеднички воздушни активности со воздухоплови без екипаж (квадкоптери – дронови) и други можности и ситуации важни при координирана акција при катастрофи.

Црвениот крст на Република Северна Македонија со претставници на планирачкиот тим на НАТО активно учествуваше во подготовка на сајтовите за спасување на вода, спасување на планина, медицинско обезбедување на лицата учесници на финалната вежба, подготвка на базата за операции, обезбедување на маркиранти и шминкери за маркиранти.

За време на вежбата ќе се користи и заедничката меѓутимска интернационална вежбовна употреба на НИКС – Напредна генерација на команден систем за управување со инциденти (NICS) што Центарот за управување го развива и е носител на оваа НАТО активност во Македонија и во Регионот.

Црвениот крст на Република Северна Македонија на НАТО вежба „Северна Македонија 2021, која ке се оддржи во септември 2021 година во Охрид ке учествува со следниве материјално технички и човечки ресурси

Човечки ресурси

  1. Планирачки тим 2 лица
  2. Главен штаб 1лице
  3. Тим за координација на вежбата 4 лица
  4. Тим за реално прикажување на повреди и маркиранти 7 лица
  5. Тим за спасување на планина на 8 лица
  6. Тим за спасување на вода на 8 лица
  7. Тим за вода и санитација на ЦКРСМ 5 лица
  8. Медицински тим на ЦКРСМ со три амбулантни возила 9 лица
  9. Тим за воспоставување на семејни врски 2 лица
  10. Тим за логистика(камп менаџмет, храна) 8 лица
  11. Маркиранти                         20 лица

Вкупно                                                                                                                                    74 лица

Материјално технички ресурси

 

  1. Камино 10 тона 1
  2. Комбе 1
  3. Тојота ланд крузер 3
  4. Чамци со мотори 5
  5. Водена станица 1
  6. Шатори 20м 5
  7. Мобилна кујна 1

 

< врати се назад