Инструктивна работилница за спроведување на услугата помош и нега во домот
Црвениот крст на РСМ во рамки на Проектот CONEX Balkan „КОВИД 19 одговор за подобрување на социо – економската ситација на маргинализираните лица во 6 држави во Западниот Балкан“, поддржан од Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст, на 07 и 08 април 2023 година, во едукативниот тренинг центар „Солферино“ во Струга организираше инструктивна работилница со цел да се дадат насоки за спроведување на социјалната услуга за помош и нега на стари лица во домашни услови, како и да се споделат позитивни искуства од испорака на услугата.
На работилницата учествуваа претставници на седум општински организации вклучени со проектните активности. Со цел да се споделат позитивни практики за испорака на услугата, на работилницата учествуваа и локалните координатори на услугата помош и нега на стари лица во домашни услови од општинските организации на Црвениот крст и Црвениот крст на град Скопје кои спроведуваат ваков вид на услуги во своите средини.
На работилницата беше присутен и претставник на Министерството за труд и социјална политика кој непосредно информираше за стандардите и нормативите за давање на услугата, како и за процесот на лиценцирање на даватели на социјални услуги, информации кои особено беа корисни за претставниците на општинските организации кои планираат да започнат услуги за помош и нега во домот.