март 16, 2021

Integrated care and support service business development in the Red Cross of Republic of North Macedonia – финансиран од Австриска Агенција за развој (АДА), Австриски Црвен Крст, Швајцарски Црвен Крст

Како резултат на трендот на континуирано стареење се појавува се поголема потреба од развој на различни форми на за нега и поддршка за  грижа на стари лица  во нашата држава.

Црвениот крст на Република Северна Македонија (ЦКРСМ) на национално ниво е веќе препознаен во грижата за старите лица и преку своите верификувани програми за помош и нега на стари лица и лица со попреченост во домашни услови продуцира кадри (верификувани) и нуди услуги за нега и помош на старите и личата со попреченост во домашни услуги. Досега на територија на РСМ, ЦКРСМ  во рамки на својата програма, има верификувано 12 ООЦК.

Проектот Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршкa во Црвениот Крст на Република Северна Македонија (ЦКРСМ), финансиран е од Австриска Агенција за развој, Австриски црвен крст и Швајцарски црвен Крст, ќе биде во времетраење од три години и истиот е започнат со имплементација во септември, 2020.

Оваа проектна соработка во себе содржи три компоненти преку кои ќе се овозможи помагањето на ранливи стари лица, обезбедување на одржливост преку генерирање на приходи и финансирање на здравствени и социјални услуги на подолг временски период. Очекуваме преку оваа проектна иницијатива ЦКРСМ за оваа услуга да обезбеди комплетна само-одржливост.

 

Активностите кои се предвидени:  

Изработка на студија на изводливост и бизнис план за поставување на Социјално-Медицински Центри во Скопје и Дојран.

Воспоставување на сервис за Итно копче, со првично опфакање на 60- корисници од територија на град Скопје, каде што моделот ќе биде тестиран.

Отварање на Регионален центар во Струмица за обезбедување на сертифицирани обуки и сервиси за негуватели во домашни услови за стари лица и лица со попреченост, опфаќајки ги и градовите Радовиш, Гевгелија, Дојран и Валандово.

 

ЦКРСМ во рамките на овој проект предвидува да направи соработка и обезбеди јавни и приватни партнества (домашни и меѓународни) со цел обезбедување на одржлив развој.

 

 

Статус

Во тек

Времетраење на проект

Септември, 2020 – Август, 2023

Донатор

Австриска агенција за развој (АДА), Австриски Црвен Крст, Швајцарски Црвен Крст

Останати Партнери

Австриски црвен крст

Швајцарски црвен крст

Финансиски средства

800,000.00 €

Обезбедени преку:

200,000.00 € Национална контрибуција на Црвен Крст на РСМ

200,000.00 € Национална контрибуција на Австриски Црвен Крст

600,000.00 € Поддршка од Австриска агенција за развој

< врати се назад