јули 2, 2019

“Исхрана според крвни групи и здрав начин на живот”

Во рамките на Програмата за организирање и унапредување на крводарителството во Република Северна Македонија, во организација на Црвениот крст на Република Македонија беше организиран семинар за крводарителство на тема “Исхрана според крвни групи и здрав начин на живот”. Семинарот се одржа во периодот од 27-30 јуни 2019 година во хотел “Солферино” во Струга со учество на 32 лица.

Исхраната беше според однапред подготвени мениа и рецепти, различна за сите крвни групи, сервирана на одделни шведски маси, согласно светската литература, макро биотската храна, прилагодена на летната сезона  и продуктите во вид на зеленчици и овошје присутни на Струшкото подрачје.

На почетокот на семинарот учесниците имаа можност да пополнат тест за проценка на нивните знаења во однос на проблематиката и темите. Сите учесници на семинарот имаа можност да бидат вклучени во биоимпендансно мерење на структурни, функционални и метаболички показатели со користење на соодветна медицинска апаратура, мерење на нивото на шеќер во крвта и на општи параметри за телесна тежина и висина.

Од страна на организаторот беа подготвени и обезбедени материјали во вид на прирачници според крвни групи, постер и флаер за исхрана според крвни групи, маички според крвни групи и суплимент “Витал” за секоја крвна група.

Целокупниот семинарот е снимен од страна на Македонската радио телевизија и истиот ќе се емитува како документарен филм.

 

< врати се назад