март 2, 2022

К О Н К У Р С

 

Врз основа на верификација на посебната програма за Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, Црвен крст на Република Северна Македонија – Црвен крст на град Скопје распишува:

 

К О Н К У Р С

за обука за Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

 

 

Се повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во периодот од 01.03.2022 до 15.03.2022 година.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

 

  • Да се државјани на Р. С. Македонија;
  • Да имаат над 18 години;
  • Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
  • Да имаат завршено минимум основно образование;
  • Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица, и лица со попреченост;
  • Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови при Црвен крст на град Скопје – Нега Центар.

 

Напомена: Обуката за Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост е  сертифицирана. Истата се спроведува во рамките на проектот: „Поддршка за инклузивен развој на услуги за долгорочна грижа во заедниците преку инкорпорирање на партиципативни пристапи на различни чинители“(InCARE), koфинансиран од Европската унија.

 

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил: skopje.negacentar@redcross.org.mk ; тел. 070 352 246 .

 

Секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на индивидуално интервју.

 

< врати се назад