Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Кампања на Црвениот крст на РМ – „Помислете и на нас“

2017-10-13

Кампања на Црвениот крст на РМ – „Помислете и на нас“

Една осмина од светското население живее во екстремен глад и сиромаштија. Луѓето повеќе страдаат од глад отколку од СИДА, маларија и туберкулоза заедно. Хронична ненахранетост не постои само поради недостиг на храна. Спротивно на популарното верување, причините за хроничен глад не се ограничени само на војна и природна катастрофа. Всушност, гладот е често тивок, невидлив симптом на сиромаштија, и се влошува како резултат на мноштво социоекономски причини. Се појавува кога луѓето немаат  можности да заработат доволно, да се образуваат и едуцираат, да ги задоволат основните здравствени потреби и да бидат вклучени во одлуките кои ја засегаат заедницата.

Светскиот ден за борба против гладта се одбележува за да се подигне свеста на луѓето за проблемот со  гладта, како и за достигнувањата на милиони луѓе кои веќе го надминале  проблемот со гладта и ги задоволуваат основните потреби. Светскиот ден има за цел да ги инспирира луѓето во развиените и земјите во развој да ја покажат својата солидарност и да дадат поддршка за да овозможат уште многу луѓе да го  надминат проблемот со гладта и сиромаштијата и да станат независни.

Во Македонија во 2015 година, според Државниот завод за статистика стапката на сиромашни лица изнесувала 21,5 процент. Во оваа година 445.000 граѓани живееле под прагот на сиромаштија. Највисока стапка на сиромаштија има кај најмладите, односно децата до 17 години, и таа изнесувала 28,6 проценти, а најниска кај највозрасните, односно постарите од 65 години, кај кои изнесувала 14,5 проценти. 39,7 проценти од невработените, 8,9 проценти од вработените и 7,3 проценти од пензионерите живеат во сиромаштија.

Црвен крст на Република Македонија се вклучува во одбележувањето на 17 Октомври – Светскиот ден за борба против сиромаштијата и гладта, со организирање на кампања под мотото „Помислете и на нас“, која ќе се спроведе преку општинските организации на Црвениот крст и Црвениот крст на град Скопје.

Во рамките на кампањата се организираат хуманитарни акции за обезбедување донации во парични средства и храна во соработка со образовно – воспитните институции, стопанските комори во Македонија, компаниите и граѓаните во периодот од 17 до 23 октомври 2017 година. Донираните средства од хуманитарните акции ќе бидат наменети за обезбедување на храна за помош на ранливото население.

Донациите можат да се уплатат на сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РМ 300000001327966 Даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка Скопје, како и 100 денари преку мобилните телефонски броеви: 070/075/077 143 400.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025