февруари 20, 2018

Континуирана плодна соработка со Комерцијална банка АД Скопје

Црвениот крст на Република Македонија во соработка со Заводот за социјални дејности десетта   година во континуитет имплементира заеднички иницијативи за подобрување на социјализацијата на децата и младите со посебни потреби.

Од 2011 година Комерцијална банка АД Скопје е спонзор и наш партнер кој активно е вклучен во имплементација на проектните активности наменети за поддршка на децата и младите со посебни потреби. Задоволството на банката од реализацијата на проектните активности и довербата кон Црвениот крст на РМ како сериозен партнер во имплементација на општествено корисни социјални програми се потврди со потпишување на новиот договор за спонзорство и поддршка на активностите и во 2018 година.

Во рамките на проектот на 20 февруари 2018 година во Црвениот крст на РМ беше одржан информативен состанок со претставници на општинските организации на Црвен крст Прилеп, Кавадарци, Велес, Гостивар, Кичево, Делчево и Дебар, Црвениот крст на град Скопје, дневните центри за деца со посебни потреби и претставник на Заводот за социјални дејности. Целта на состанокот беше да се дадат насоки за заедничка имплементација на активностите за  подобрување на социјализацијата на децата и младите  со посебни потреби. На состанокот беше најавена и едукативната работилница која ќе се одржи од 9 до 11 март 2018 година во Центарот „Солферино“ во Струга, со цел новите вклучени волонтери на Црвениот крст да се стекнат со соодветни вештини и знаења за поддршка на децата во дневните центри и децата сместени во згрижувачки семејства.

 

< врати се назад