јули 23, 2021

ЛЕТЕН МЛАДИНСКИ КАМП 100% ЦРВЕН КРСТ

Во согласност со годишната програма за работа на млади во период од 15-21.7.2021 година се реализираше Летниот младински камп 100% Црвен крст во тренинг центарот Велестово, Охрид.

На летниот камп учество земаа триесет и двајца млади претставници од дваесет и девет Клубови на млади од Општинските организација на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје. Кампот претставуваше прилика за младите од целото национално друштво детално да се запознаат со младинското организацирање и работење во нашата организација а потоа да дадат свој иновативен придонес во развој на нивните Клубови на млади.

Што опфати летниот младински камп?

Модул 1 – ориентациска сесија за младинско работење и организирање во рамки на организацијата, адаптирање на промени и потреби на опкружувањето и мапирање на заедницата;

Модул 2 – алатки за регрутација на волонтери и членови во Клубот на млади, програми за различни возрасни категории на млади, програми за работа со ученици од основно и средно училиште и студенти;

Модул 3 – менаџмент на волонтери, лидерство како вештина и препознавање на лидерите во Клубот на млади, мотивација на раководни структури во Клубот на млади и волонтери/членови и останати алатки за менаџмент со волонтери ;

Модул 4 – годишно планирање во Клубовите на млади, процеси на утврдување на потребите на заедницата, стратешко планирање и Стратегија за млади 2021-2025 година;

Модул 5 – нови перспективи во младинското работење, научени лекции од Ковид-19, активности и задолженија после кампот;

Од кампот младите си заминаа со знаење за младинското организирање, мотивација да дадат поддршка во унапредување на Клубовите на млади од кои доаѓаат и секако нови пријателства и добри сеќавања.

< врати се назад