
Логистичка и медицинска поддршка на Акцијашка средба во Катланово
Во период од 27 до 29.07.2018 година во Катланово се одржа Акцијашка средба на учесници на младински работни акции од сите поранешни ЈУ-Републики. Организатор на настанот беше Здружението на акцијаши од Скопје во соработка со општина Гази Баба, АРМ, ДЗС, Црвен крст на Република Македонија и др.
Средбата се одржа по повод три големи јубилеји: 70 години од изградбата на хидроцентралите во Маврово, 55 години од работната акција “Скопје 1963” по повод земјотресот и 40 години од работната акција “Автопат Братство – Единство”. Во рамките на средбата се одржаа низа работни и културно-уметнички активности.
Црвен крст на Република Македонија го поддржа настанот со обезбедување на логистичка поддршка за сместување на учесниците ( вреќи за спиење, ќебиња ) и екипа за 24 часовно медицинско обезбедување.
На главната манифестација присуствуваше и генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија, д-р Саит Саити.