мај 22, 2018

Меѓународен тренинг вежба за одговор во случај на поплави “Кресна 2018”

Во периодот од 14-18.05.2018 година во околината на Кресна, Република Бугарија, во организација на Црвен крст Бугарија, се одржа меѓународна тренинг вежба за одговор во случај на поплави каде што присуствуваа претставници на Црвен крст Бугарија, Црвен крст Романија, Црвен крст Унгарија и Црвен крст на Република Македонија.

Главна цел на тренингот беше подигнување на капацитетите на волонтерите/претставници на Националните Друштва како и зајакнување на отпорноста, подигнување на ефикасноста во одговорот во случај на катастрофи на регионално ниво и размена на искуства на полето на одговор при катастрофи.

Предавањата на тренингот се реализираа на интерактивен начин преку размена на искуства, работа во групи и практична теренска работа. Учесниците на тренингот беа поделени во 2 групи а темите кои се разработуваа за време на тренингот се: спасување на вода – теоретски дел, практични вежби за движење во река, Прва помош, работа со спасувачки јажиња, техники и навигација со чамец, шминкање/ реалистично прикажување на повреди, Вода, санитација и промоција на хигиена , радиокомуникации, симулациски вежби.

Од страна на Црвен крст на Република Македонија на тренингот се приклучија два меѓународни инструктори за промоција на хигиена во катастрофи кои одржаа едукативно предавање  преку интерактивни вежби за основите на прочистувањето на вода како и значењето на промоција на хигиена во катастрофи, со посебен акцент на поплави. Во продолжение на кратката работилница се споделија и реални/практични искуства од терен во случај на одговор при поплави како и работата на Црвен крст на Република Македонија со станицата за прочистување на вода ( на локално/национално ниво како и на регионално/меѓународно ниво ).

 

< врати се назад