април 29, 2022

Младите во акција

Во рамките на ПХВ програмата, до 05 Април 2022 година,беа реализирани сите обуки од страна на ООЦК кои оваа година се дел од програмата. Беа спроведени 40 обуки за дисеминација, 40 обуки за изработка на малите проекти и 40 обуки за документирање на малите проекти. Вкупно 800 ученици се дел од ПХВ програмата,  предводени од страна на 40 дисеминатори кои пак добиваат директна поддршка од страна на 9 ПХВ ментори и координаторот на програмата.

Младите веќе се на терен, започнати се истражувањата, изборот на целните групи и дел од активностите веќе се реализираат. Проектите треба да бидат завршени до 24 Јуни 2022 година. Оваа година се очекува 120 мали проекти да бидат сработени.

Младите со нивното присуство, активностите, промоцијата, униформите, проактивноста се најдобри амбасадори на нашата работа. 

< врати се назад