март 16, 2022

МНР И ЦРВЕН КРСТ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ЗА ПОЕФИКАСНА КООРДИНАЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ ПОМОШ ЗА УКРАИНА

Министерството за надворешни работи и Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска на хуманитарен настан за собирање помош за Украина потпишаа Меморандум за соработка за поефикасна координација.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се заблагодари на Црвениот крст, како и на стопанските комори кои почнаа со своите активности за помош. Посочи дека има список на потреби на кои секој бизнис, секоја компанија може да се одлучи да ја преземе обврската да ги обезбеди тие продукти. Има и број на Црвен крст каде граѓаните можат да се јават и да донираат 100 денари кои директно ќе бидат пратени во Украина.

Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ Саит Саити информираше дека досега 2 милиона и 734 илјади денари се собрани на сметкaта на Црвениот крст за помош на населението во Украина.

< врати се назад