септември 28, 2023

Национална вежба за проверка на подготвеноста на тимовите за одговор при катастрофи

Во периодот 21-24.09.2023 во тренинг центарот на Црвен крст Бугарија – Лозен, се одржа национална вежба за проверка на подготвеноста на тимовите за одговор при катастрофи при Црвен крст Бугарија и Црвен крст Софија.

Црвен крст на РСМ учествуваше и даде поддршка на вежбата со три лица во делот на ППП (Прва психолошка помош), ПП ( Прва помош) и Логистика. 

Во рамки на реализацијата на вежбата како искуства кои позитивно би се извекле и би биле корисни за примена во рамки на нашето национално друштво и соодветните тимови е разгледување на можноста за годишни проверки на подготвеноста на тимовите за одговор во катастрфои со кои располага националното друштво, како на територија на град Скопје, така и на тимовите во рамки на Општинските организации на Црвен крст на цела територија на државата, со цел здружен и координиран одговор, при претходно подготвено сценарио кое би било непознато за истите.

Од аспект на можности за доедукација и прогрес на тимовите во дадените сектори на ЦК Бугарија и Црвен крст на РСМ има можност и расположение за организација за заеднички теренски вежби како и размена на искуства во делот на расположливост со дадена опрема, соодветно користење, координација и употреба на технологија, односно дигитализацијата и нејзината корист во случај на катастрофи. 

< врати се назад