Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Недела на грижа за старите лица

2020-11-16

Недела на грижа за старите лица

Современиот свет е во процес на демографска транзиција, не само во поглед на забавување на порастот на населението, туку и неговата структура е во фаза на менување поради намалување на учеството на младите и зголемување на старите лица. Како и во другите земји и во Република Северна Македонија бројот на старото население расте, а се очекува тој тренд во иднина уште повеќе да се зголеми.

Покрај помошта што ја обезбедуваат надлежните институции, грижата и помошта на старите лица е една од основните програмски активности на Црвениот крст на РСМ. Особено се дава значаен акцент за развој на сервиси за испорака на  социјални и здравствени услуги за помош и грижа  на старите лица во домашни услови.

Со цел да се потенцира значењето за потребата од зголемена интеграција на старите лица, Црвениот крст на Република Северна Македонија  од 16 до 22 ноември 2020 година со соодветни активности  ќе ја одбележуваме Недела на грижа на старите лица, под мотото „Сите сме нивни деца“.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025