Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Бенефиции на крводарители во РСМ”

2023-05-15

Бенефиции на крводарители во РСМ”

Во период  од 12-14 мај 2023 година во Центарот за кадри и рекреации “Солферино” во Струга се одржа семинар за крводарителство на тема Бенефиции на крводарители во РСМ”

На семинарот зема учество претставници од Црвен крст на РСМ, општинските организации на Црвен крст, Министерство за здравство, Фондот за здравствено осигурување на РСМ, Министерството за труд и социјална политика, Генералштаб на АРСМ, Институт за трансфузиона медицина, Гранков синдикат за сообраќај при ССМ, членови на Клуб на крводарители на Црвен крст (ОКТА Рафинерија, Комерцијална банка, ЈСП -Скопје, Макпетрол и АРСМ) и гости од Црвен крст на Србија.

На семинарот беа споделени мислења, впечатоци и сугестии и воопшто за примената и информираноста за бенефициите на крводарителите. Учесниците на семинарот искажаа задоволство од можност за подобрување во делот на информирањето на крводарителите, посебно во делот на користење на бенефиции и заложби за нивна примена и спроведување на кампања за социјален маркетинг.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025