Нова проектна соработка
Црвениот Крст на Република Северна Македонија, во октомври 2020, започна нова проектна соработка со компанијата Business & Strategies Europe. Целта на овој проект е ублажување и надминување на последиците предизвикани од КОВИД19 пандемијата, преку поддршка на ранливото население и воспоставување на систем за Психосоциолошка поддршка и Прва Психолошка помош.
Со проектот е предвидено зајакнување на вештините и знаењето на ранливите категории на граѓани, како дел од неформалната економија во обезбедувањето на лична асистенција на постарата популација и лицата со посебни потреби. Обучени и сертифицирани ќе бидат 15 лица, за негуватели за нега и грижа на стари лица во домашни услови, кои што истовремено ќе добијат и поддршка во промовирање на нивните способности на пазарот на труд. Во рамките на проектот е предвидено и јакнење на капацитетите и знаења на волонтерите и вработенитево Црвениот Крст на РСМ, во областите на Психо-социјална помош и поддршка и Прва Психолошка помош на населението во кризни состаојби и миродобски услови. Активностите ќе допринесат кон успешно поставување на национален тим за пружање на услуги. Дополнително ќе бидат обучени 40 вработени лица и волонтери од ЦКРСМ за обезбедување на ППП ПСП и ППП ПСП за пружање помош преку телефонски линии, како и зајакнување на капацитетите преку 4 супервизиски сесии, кои ќе придонесат да се селектираат 12 најдобри волонтери-дисеминатори на понатамошно обучување по ППП и ПСП.
Запознавање со компанијата
Business & Strategies Europe од своето создавање во 1991 година, дизајнира, управува и води меѓународни проекти за развој во управувањето, комуникацијата, правдата и безбедноста на глобално ниво, со искуство на терен во повеќе од 110 земји. Во јули 2013 година, B&S Europe се приклучи на ГОПА групацијата, преку која сега комбинира широк спектар на експертиза, потпирајќи се на експертска база на податоци од повеќе од 20.000 експерти.
Во B&S Europe, убедени сме дека меѓусебното разбирање е клучот за да се обезбеди успех на трајно партнерство и формулирање на релевантни и ефективни решенија за предизвиците со кои се соочуваат земјите кои се во потрага по развој. Нашиот пристап се заснова на широко разбирање за актерите, контекстот и прашањата што го карактеризираат секој од проектите за кои што ја користиме нашата експертиза.
Затоа, наместо да се потпираме на егзогени решенија, ние се залагаме за повеќе консултации и споделување на знаење. Со повеќе од 30 години искуство во спроведување на проекти за институционална поддршка и придружување на државни и невладини актери во поддршката на локалното управување, зајакнување на владеењето на правото и поставување институционална комуникација, ние ефикасно ја тестираме нашата способност за развој, во соработка со нашите партнери, за уникатни, прилагодени и одржливи решенија специфични за контекстот во кој се одвива секој проект.
B&S Europe во моментот управува со проекти во Република Северна Македонија од 2014 година и го води спроведувањето на 2 проекти за техничка помош финансирани од ЕУ и 2 FWC.
Повеќе информации за компанијата може да најдете на : https://www.bseurope.com