Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Нова проектна соработка

2020-12-15

Нова проектна соработка

Црвениот Крст на Република Северна Македонија, во октомври 2020, започна нова проектна соработка со компанијата Business & Strategies Europe. Целта на овој проект е ублажување и надминување на последиците предизвикани од КОВИД19 пандемијата, преку поддршка на ранливото население и воспоставување на систем за Психосоциолошка поддршка и Прва Психолошка помош.

Со проектот е предвидено зајакнување на вештините и знаењето на ранливите категории на граѓани, како дел од неформалната економија во обезбедувањето на лична асистенција на постарата популација и лицата со посебни потреби. Обучени и сертифицирани ќе бидат 15 лица, за негуватели за нега и грижа на стари лица во домашни услови, кои што истовремено ќе добијат и поддршка во промовирање на нивните способности на пазарот на труд. Во рамките на проектот е предвидено и јакнење на капацитетите и знаења на волонтерите и вработенитево  Црвениот Крст на РСМ, во областите на Психо-социјална помош и поддршка и Прва Психолошка помош на населението во кризни состаојби и миродобски услови. Активностите ќе допринесат кон успешно поставување на национален тим за пружање  на услуги. Дополнително ќе бидат обучени  40 вработени лица и волонтери од ЦКРСМ за обезбедување на  ППП ПСП и ППП ПСП за пружање помош преку телефонски линии, како и зајакнување на капацитетите преку 4 супервизиски сесии, кои ќе придонесат да се селектираат 12 најдобри волонтери-дисеминатори на понатамошно обучување  по ППП и ПСП.

Запознавање со компанијата

Business & Strategies Europe од своето создавање во 1991 година,  дизајнира, управува и води меѓународни проекти за развој во управувањето, комуникацијата, правдата и безбедноста на глобално ниво, со искуство на терен во повеќе од 110 земји. Во јули 2013 година, B&S Europe се приклучи на ГОПА групацијата, преку која сега комбинира широк спектар на експертиза, потпирајќи се на експертска база на податоци од повеќе од 20.000 експерти.

Во B&S Europe, убедени сме дека меѓусебното разбирање е клучот за да се обезбеди успех на трајно партнерство и формулирање на релевантни и ефективни решенија за предизвиците со кои се соочуваат земјите кои се во потрага по развој. Нашиот пристап се заснова на широко разбирање за актерите, контекстот и прашањата што го карактеризираат секој од проектите за кои што ја користиме нашата експертиза.

Затоа, наместо да се потпираме на егзогени решенија, ние се залагаме за повеќе консултации и споделување на знаење. Со повеќе од 30 години искуство во спроведување на проекти за институционална поддршка и придружување на државни и невладини актери во поддршката на локалното управување, зајакнување на владеењето на правото и поставување институционална комуникација, ние ефикасно ја тестираме нашата способност за развој, во соработка со нашите партнери, за уникатни, прилагодени и одржливи решенија специфични за контекстот во кој се одвива секој проект.

B&S Europe во моментот управува со проекти во Република Северна Македонија од 2014 година и го води спроведувањето на 2 проекти за техничка помош финансирани од ЕУ и 2 FWC.

Повеќе информации за компанијата може да најдете на : https://www.bseurope.com

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025