Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Обраќање по повод 8-ми мај – Светски Ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина на Претседателот на Црвен крст на РСМ, проф. д-р Ромел Велев

2022-05-09

Обраќање по повод 8-ми мај – Светски Ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина на Претседателот на Црвен крст на РСМ, проф. д-р Ромел Велев

Секоја година во Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина го одбележуваме 8-мај, Светскиот Ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, во чест на Анри Динан, основоположникот на нашето Движење, кој е роден на 8 мај 1828 година. По тој повод националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина на сите континенти во светот организираат пригодни активности за да се потсетиме на значењето на основните принципи и вредности на Движењето и да искажеме благодарност и признание до сите наши волонтери и поддржувачи за поддршката која ја обезбедуваат за Црвениот крст. Почнувајќи од денес па до 15 Мај традиционално ја одбележуваме и Неделата на Црвениот крст на РСМ со пригодни активности ширум нашата државата.

Црвениот крст кога првично бил формиран имал за цел да им помогне на ранетите на бојното поле, но со текот на годините во Црвениот крст спроведуваме низа други активности за да одговориме на современите предизвици и да понудиме помош и поддршка заедно со нашите партнери на луѓето на кои сме им потребни и кои го очекуваат тоа од нас како една од најголемите хуманитарни организации во светот.

Изминатиов период беше обележан со повеќе кризи кои не поштедија никого и најтешко ги погодија најранливите – од пандемијата со КОВИД-19, последиците од климатските промени, хуманитарните кризи, па се до ескалацијата на вооружените судири и војни во светот. Во овие тешки времиња полни со предизвици, повеќе од кога и да е, потребно е да се навратиме и да се потсетиме на значењето на еден од нашите основачки принципи. На „Хуманоста“.

Годинава 8-Мај, Светскиот Ден на Црвениот крст и Црвена полумесечина го одбележуваме под мотото: Биди човечен. Сакаме луѓето да ги потсетиме на една од основните вредности, на значењето на љубезноста, на добрината, на човечноста, на сите оние мали и големи дела кои не прават луѓе и кои прават позитивна разлика во животот на луѓето на кои им е потребна поддршка.

Не постои човек кој останува рамнодушен кога некој ќе му покаже љубезност и човечност но исто така секој од нас го исполнува прекрасно чувство кога прави нешто добро за луѓето околу нас. Во состојби кога е континуирано присутна загриженоста на луѓето заради КОВИД-19 пандемијата, економските потешкотии, катастрофите, конфликтите и присуството на се поочигледната поделеност кај луѓето заради различни причини, малите дела на човечност им значат уште повеќе на луѓето.  Не потсетуваат дека човечноста и подадената рака може да направат голема разлика во животот на луѓето на кои им е тешко и им е потребна поддршка.

Затоа денес упатуваме порака да бидеме уште пољубезни и почовечни кон нашите сограѓани, пријатели, соседи или колеги – да ги ислушаме нивните проблеми, да им дадеме скромна поддршка,  подарок или топол збор, за да им го направиме животот малку повесел и попријатен. Нашиот личен пример на човечност, колку и да е мал ќе ги поттикне луѓето околу нас да го направат истото, да направат и тие нешто добро за луѓето околу нив. Нашата поддршка, без разлика дали е тоа зготвена домашна храна, паричен прилог, користена облека, совет или топол збор за некој може да значи многу. Нека не обединат овие мали дела на човечност кои постојано ќе се множат. Да имаме почовечно и пољубезно опкружување.

А малите нешта, може да станат големи. Како што е и Црвениот крст. Започна како скриена желба на основополнижникот на Движењето на Црвен крст Анри Динан по битката кај Солферино кога сакал да им помогне на ранетите на бојното поле, а прерасна во најголема глобална хуманитарна организација во светот.

 

Почитувани,

Секое наше добро дело претставува чин за поттик за нашите граѓани да ни се приклучат во нашата мисија за да им помагаме на луѓето кои се нашле во незавидна положба. На крајот, дозволете ми да ве повикувам сите ние да дадеме свој скромен придонес за похумано општество во кое достоинството и добросостојбата на граѓаните ќе бидат најважни од се.

Ви благодарам за вниманието

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025