мај 20, 2022

Обука во насока на превенција, грижа за вработените и за зголемување на квалитетот на работата во Е-112

Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 16.05.2022 до 20.05.2022 оддржа обуки во насока на превенција, грижа за вработените и за зголемување на квалитетот на работата за сите приматели на повици за итни случаи во Секторот Е – 112. Во текот на обуките беше користена методологија на искуствено учење, преку кое што операторите имаа во можност да вежбаат техники и да научат како да се справат со комплексни ситуации со повикувачи и и да извлечат суштински важни информации.
Обуките ги покрија темите на комуникација, системи на психо-социјална поддршка, техники за справување со стрес и превенција на согорување. Стекнатото учење е во функција да ја зголеми ефикасноста, соработката и резилиентноста на операторите на бројот 112.

Црвениот крст секогаш стои на располагање како помагател на државните институции и преку својот систем на психо-социјална поддршка продолжува и понатаму да пружа поддршка на институциите и ранливото население.

< врати се назад