март 14, 2022

Обука за ПХВ дисеминатори

На 10 и 11 март се реализираше обука за ПХВ дисеминатори во ПХВ циклусот за 2022 година. Вкупно беа обучени 40 дисеминатори, предложени од страна на своите матични ООЦК. Пред се тоа се лица кои сакаат да работат со младинците и кои сакаат да направат промени во своите заедници.  За полесна работа и оставање на повеќе простор за прашања, дисеминаторите беа поделени во две групи, во двата дена. Обуката траеше по 4 часа во која дисеминаторите се запознаа со ПХВ програмата, со активностите кои треба да се спроведат на локално ниво, со нивните обврски и поддршка која треба да ја овозможаат на младите во процесот на изработка на малите проекти, како и со своите ПХВ ментори.

Ова година, 9 ПХВ инструктори се пријавени за ПХВ ментори, и истите ќе дадат дополнителна поддршка на дисеминаторите и ќе ги водат низ целиот процес за подобра реализација на програмата во нивната средина.

Во секоја ООЦК ќе бидат вклучени по 20 младинци или вкупно 800 младинци и се очекува во секоја ООЦК да се изработаат околу 4 проекти од областа акција во заедницата и интеркултурна акција или околу 150 мали проекти на ниво на целата држава.

< врати се назад