февруари 1, 2024

Обука за ПХВ ментори

На 31 јануари се одржа онлајн состанок за ПХВ ментори за подобро и полесно спроведување на овогодинешниот ПХВ циклус. Вкупно се пријавени 10 ментори, кои се искусни волонтери и долгогодишни инструктори во програмата. Секој ментор во просек ќе менторира 4 дисеминатори, односно 4 ООЦК. Ќе ги водат низ процесот на обуки, мотивација со младите, работа со малите групи, поддршка во изработка на извештаите, поддршка во процесот на изработка на малите проекти, документирањето како и подготовка на видео записите за секој изработен проект.

Веќе овој викенд ќе биде реализирана обуката за 37 дисеминатори предложени од ООЦК. Обуката ќе биде реализиран во Скопје, а потоа ќе започна период на обуки во ООЦК и период за изработка на малите проекти.

< врати се назад