Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Обука за врснички едукатори за превенција од болести на зависности

2021-11-29

Обука за врснички едукатори за превенција од болести на зависности

Црвениот крст на Република Северна Македонија организираше обука за врснички едукатори за превенција од болести на зависности. Обуката ја следеа 72 волонтери од Клубовите на млади од цела држава. Тренери на истата беа д-р Соња Стурлакова  специјалист по интерна медицина и Весна Самојловкса психолог од Заводот за социјални дејности – Скопје.

Обуката се организираше во месец ноември кој според традиционалниот календар на активности претставува месец за борба против зависностите.

Во идниот период овие млади волонтери ќе бидат афирматори на здрави навики меѓу своите врсници истакнувајќи ги штетните последи од употребата на дрогата, алкохолот и цигарите.