ноември 2, 2022

Одбележување на 100 годишнината од раѓањето на проф д-р Никола Георгиевски

По повод одбележување на 100 годишнината од раѓањето на проф д-р Никола Георгиевски, еден од доајените на Mакедонскта медецина  кој во зачетоците на формирањето на македонското здравство активно делувал и во оснивањето на Црвениот крст на Македонија, на ден 01.11.2022 се одржа настан за обележување на големиот придонес на д-р Георгиевски, организиран од страна на Хрватско Македонска Тангента.

На истиот свое обраќање имаше и Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ д-р Саит Саити кој особено го истакна придонесот на Д-р Никола Георгиевски во Црвениот крст: „Како голем македонски хуманист и еден од пионерите на организацијата на Црвениот крст на Македонија, д-р Георгиевски заедно со Даре Џамбаз и Димче Зографски е основач на Црвениот крст на Македонија и учествувал во активностите од првите денови по нејзиното формирање на 17 март, 1945 година. Притоа несебично го давал својот придонес за оформувањето, подемот и проширувањето на активностите на оваа најмасовна, хуманитарна организација.Особено се залагал за развојот на здравствената-превентивна и хуманитарна помош, крводарителството, првата помош, борбата против заразните и паразитни болести и болестите на зависност. Активно учествувал во организацијата за санирање на последиците од големата поплава во Скопје во 1962-та година, а потоа и по катастрофалниот земјотрес на 1963 година, во обновата и изградбата на Скопје како град на светската солидарност.

Неговото работење, понатаму резултира со постојани вклучувања во работата на Националното друштво на сојузно ниво. За паметење се неговите ангажмани во организацијата и реализацијата на Конференцијата за мирот на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во Белград во 1975 година.

Неговиот придонес во формирањето и развојот на организацијата на Црвениот крст во нашата држава, длабоко е всаден и во денешните напори за развој на сега веќе самостојното Национално друштво на Црвен крст на Република Северна Македонија, како дел од меѓународното движење на Црвен крст и Црвена полумесечина.“

< врати се назад