Одбележување на Недела на борба против ракот – 01 до 08 март 2022 година
Согласно календарот на традиционални активности на Црвениот крст на Република Северна Македонија од 01 до 08 март 2022 година се одбележува Неделата на борба против ракот под мотото ‘‘Заедно во борба против ракот,,.
Секоја година во светот заболуваат над 12 милиони луѓе од некој вид на малигни заболувања, а 7,6 милиони умираат како последица на болеста. Во Република Северна Македонија, секоја година се откриваат околу 6.000 нови случаи на заболени од рак. Овие бројки се навистина застрашувачки и алармантни.
Со цел заеднички да придонесеме во подигање на јавната свест за важноста од превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања, општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје ќе организираат едукативни работилници и предавања за широката популација. Со овие едукативни работилници ќе се опфатат различни целни групи, млада популација, ученици од средно училиште, како и повозрасна популација согласно полот и ризикот од појава на одреден вид на малигно заболување. Исто така ќе се споделуваат и објави на социјалните мрежи со пораки за превенција од појава на малигни заболувања.