февруари 22, 2021

Одбележување на Недела на борба против срцевосадови заболувања

(21 до 28 февруари 2021 година)

Согласно календарот на традиционални активности на Црвениот крст на Република Северна Македонија, во периодот од 21 до 28 февруари 2021 година ќе се одбележи Неделата на борба против срцевосадови заолувања, под мотото “Здраво срце, среќно срце”. Болестите на срцето и крвни садовите садови претставуваат голема хетерогена група на заболувања и водечка причина за смрт во Република Северна Македонија.

Факти

  • Кардиовскуларните заболувања се причина број еден за смртноста во светот. Според податоците на Институтот за јавно здравје на РСМ повеќе од 57 % од смртните случаи во Република Северна Македонија  се последица на срцевосадови заболувања.
  • Во 2004 година околу 17,1 млиони луѓе умреле од кардиоваскуларни заболувања што преставува 29% од смртноста во светот. Од оваа бројка 7,2 милиони умреле како последица на коронарна срцева болест којшто се јавува како последица на артеросклерозат а 5,7 милиони како последица на срцев удар.
  • 82% од кардиоваскуларните заболувања се јавуваат кај земјите од низок и среден стандард зафаќајки ги обете популации подеднакво (мажи/жени, 1:1).

Најважните ризик фактори за срцевите заболувања и мозочниот удар се неправилна исхрана, физичка неактивност и употреба на цигари. Ова се таканаречени бихеворални ризик фактори и во 80% се причина за коронарната срцева болест и цереброваскуларните заболувања.Ефектите од нездрава исхрана и физичка неактивност може да предизвикаат зголемен крвен притисок, зголемена глукоза и масти во крвта, преголема телесна тежина и  појава на гојазност. Сите овие наброени промени во суштина преставуваат високи ризик фактори.

Исто така постојат и предиспонирачки фактори за КВЗ, уште така наречени “причини на причинителот”. Тие преставуваат одраз на социјаните, економските и културалните промени – глобализација, урбанизација и стареењето на популацијата. Останати детерминирачки фактори за КВЗ се стресот и сиромаштијата.

Превенција од КВЗ:

  • Откажување од цигари,
  • Правилна исхрана богата со витамини и минерали,
  • Испитување и регулирање на холестеролот,
  • Испитување и регулирање на високиот крвен притисок,
  • Спроведување физичка активност,
  • Регулирање на тежината без нагло варирање,
  • Намален внес на алкохол,
  • Одмор и релаксациони прошетки во природа.

< врати се назад