октомври 30, 2023
Оддржани трибини за ментално здравје
Во текот на месец Октомври, 2023, се оддржаа 32 трибини во сите ООЦК/ЦКГС на ЦКРСМ по повод одбележување на 10-ти октомври Светскиот ден на менталното здравје. Црвен крст на РСМ за прв пат се приклучи во одбележување на истиот. Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка ги поттикна сите општински организации и ЦКГС да организираат трибина на тема: “Важноста на менталното здравје во заедницата”.
Главната цел на трибините е да се подигне свеста на заедницата за важноста на менталното здравје, каде се потенцира и грижата за себе и другите.
Со трибините беа опфатени над 1000 луѓе од заеницата.