Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
ОДРЖАН СЕМИНАР ЗА ЕДУКАЦИЈА НА МОТИВАТОРИ ЗА ДОБРОВОЛНОТО КРВОДАРИТЕЛСТВО НА СТУДЕНТСКА ПОПУЛАЦИЈА

2020-10-19

ОДРЖАН СЕМИНАР ЗА ЕДУКАЦИЈА НА МОТИВАТОРИ ЗА ДОБРОВОЛНОТО КРВОДАРИТЕЛСТВО НА СТУДЕНТСКА ПОПУЛАЦИЈА

Од 16-18 октомври 2020 година во хотел “Солферино” во Струга  се одржа семинар за едукација на мотиватори за доброволното крводарителство на студентска популација.

На семинарот зедоа учество 25 лица, студенти на факултетите при Државните Универзитети во Скопје, Битола, Штип и Тетово, професори на факултети, секретари и стручни соработници на Црвен крст Центар, Карпош, Битола, Штип и Тетово и претставници од Институтот за трансфузиона медицина.

Учесниците на семинарот покажаа голема мотивираност за работа и активно учество, интерес за презентираните теми, активно споделување на искуства и знаења, голема креативност и посветеност на тимската работа. Содржините на семинарот овозможија сите учесници активно да  се вклучат во работата, можност да го искажат своето мислење и да разменат искуства, да научат за историјатот, структурата и компонентите на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, крводарителството во РСМ и светот, контрола и превенција за КОВИД 19, Светскиот предизвик и крводарителството и актуелности на современата трансфузиона медицина, вежби за мотивација и демотивација кај студентската популација и митови, стравови и суеверија во крводарителството.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025