Одржан состанок за развој на националните друштва на ЦК/ЦП од Европа
Во периодот 21-23,10,2019 година во Будимпешта, Унгарија, се одржа средба на лицата одговорни за програмите за развој во националните друштва на ЦК/ЦП од Европа. На средбата учество земаа 48 претставници меѓу кои претставници од национални друштва, регионални канцеларии на МКЦК и МФЦК, претставник од Раководниот одбор на МФЦК, претставник од заедничката статутарна комисија на МКЦК и МФЦК и претставник од секретаријатот на МФЦК од Женева. Целта на состаноците е следење на имплементацијата на Рамката за развој на НД од 2013 година и претставување на документот за надополнување на рамката за развој кој ќе биде предложен на усвојување на Генералното собрание во декември 2019 година. Акцент беше ставен на споделување на развојните искуства во областите на лидерството во организациите, финансиската стабилност, квалитетот на сервиси, волонтерите, младите, статутарните промени и развојот на силни ограноци на националните друштва. Од Црвен крст на РСМ на состанокот учествуваше Владимир Вукелиќ.