јули 1, 2022

Одржана конститутивно – изборна седница на Собранието на Црвениот крст на Република Северна Македонија

На 30.06.2022 година во хотел Мериот во Скопје се одржа конститутивно – изборна седница на Собранието на Црвениот крст на Република Северна Македонија за мандатниот период 2022-2026 година.

По спроведувањето на изборниот процес во општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје, на национално ниво беше спроведен процес на избор на нова раководна структура согласно Статутот на организацијата и Правилата за спроведување на избори и верификација на изборниот процес.

На седницата за Претседател на Црвениот крст на РСМ е избран проф. д-р Ромел Велев, потоа избрани се потпретседатели на организацијата Др. Лилјана Ристевска и Др. Нухи Јусуфи, како и членови на Раководниот одбор и Финансиската комисија на Црвениот крст на РСМ, кои ќе ја раководат организацијата во наредниот четиригодишен период.

< врати се назад