Red Cross Shape
Одржана работилница за менаџмент со човечки ресурси во Црвениот крст на Република Македонија

2018-02-28

Одржана работилница за менаџмент со човечки ресурси во Црвениот крст на Република Македонија

Во периодот 23-25,02,2018 година во Центарот за обука на кадри „Солферино“ во Струга, се одржа работилница за менаџмент на човечки ресурси со акцент на менаџмент со членството во Црвениот крст на Република Македонија. На работилницата учествуваа секретарите од 29 ООЦК и ЦКГС, кои имаа можност да споделуваат позитивни примери во работата со човечките ресурси, да дискутираат за предизвици со кои се соочуваат и да иницираат чекори за подобрување. Посебен дел од работилницата беше посветен на освежување на знаењата за менаџмент со човечките ресурси за што беше ангажиран надворешен консултант проф. Цветко Смилевски од Детра центар за едукација. Свои позитивни практики во менаџментот со човечките ресурси споделија и гостите на работилницата од Црвен крст на Србија и Црвен крст на Бугарија. Во еден дел од работилницата гостуваа и вкупно 16 волонтери и членови со различна улога во структурата на организацијата кои дадоа свои видувања и препораки за подобрување во работењето. На крајот од работилницата се подготви посебен Акциски план за унапредување на работата со членството и волонтерите во организацијата кој ќе биде предмет на разгледување на Раководниот одбор на организацијата.

Други вести

Саити оствари средба со претседателката на МФЦК/ЦП, Кејт Форбс
Обука за воспоставување семејни врски / Служба Барање – основно ниво
Работилница за психо-социјална поддршка на онколошки пациенти

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom