јануари 26, 2023

Одржана работилница за ангажирање со креаторите на политиките за застапување за промени и партнерски состанок

Во рамки на регионалниот проект „Зајакнување на отпорноста на стари лица и лица со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“, финансиран од Европска Унија, се одржа работилница за ангажирање со креаторите на политиките за застапување за промени и редовен партнерски состанок во период од 23-25 јануари 2023 во Белград, Република Србија. На работилницата и партнерскиот состанок учествуваа партнерите на проектот од Република Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Република Србија и Република Северна Македонија. Црвениот крст на Република Северна Македонија учествуваше со претставник на централната канцеларија и тоа лицето одговорно за готовински трансфер и одговорно за микро проектите за зајакнување на локалната заедница во рамки на проектот.

< врати се назад